Ѓоковиќ пред мракот го совлада Качанов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада рускиот претставник Карен Качанов со 3:0 по сетови и со тоа го повтори минатогодишниот резултат од Вимблдон кога се пласираше во четвртфиналето.

Минатата година Србинот го предаде мечот на Томаш Бердих, додека оваа година ќе се сретне со јапонскиот тенисер Кеи Нишикори кој го елиминираше Ернест Гулбис.

Претходно во четвртата рунда од Вимблдон победија и Андерсон, Федерер, Иснер, Раонич и Надал кои без поголеми проблеми ги совладаа своите противници.