Одреден судијата и за натпреварот помеѓу Англија- Хрватска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од ФИФА потврдија дека турскиот судија Чунејт Чакир ќе ја дели правдата на вториот полуфинален натпревар од Светското првенство во кој ќе се сретнат Англија и Хрватска.

41 годишниот судија кој важи за еден од најконтроверзните судии ја доби довербата од светската куќа на фудбалот.

Турчинот во досегашниот дел од Мундијалот ги водеше средбите помеѓу Иран и Мароко, како и помеѓу Аргентина и Нигерија. Овој втор натпревар предизвика многу полемики откако Чакир не досуди спорен пенал за Нигеријците, а подоцна Аргентина погоди за пласман во следната фаза.