Официјално: Барселона експресно претстави замена за Паулињо, новиот фудбалер со неверојатна откупна клаузула


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Барселона експресно донесоа замена за Паулињо кој во текот на вчерашниот ден се врати во Гвангжу.

Нов фудбалер на Барселона е Бразилецот, Артур Енрике кој доаѓа од редовите на Гремио за сума од 31 милион евра, плус девет милиони во бонуси.

Талентираниот фудбалер со Барселона потпиша договор со траење од шест години кој ќе му истече во 2024 година, а во договорот има и неверојатна откупна клаузула од 400 милиони евра.