Менаџерот на Роналдо достави официјална понуда од Јуве, се чека одговорот на Перез


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се појавија наводи дека трансферот на Роналдо треба да биде реализиран овие денови, а сега шпанските медиуми пишуваат дека неговиот менаџер, Мендес и официјално ја доставил понудата на Јувентус до Реал.

Наводно помеѓу Роналдо и Реал договорот е постигнат уште поодамна, според кој Португалецот може за 100 милиони евра  да го напушти Сантијаго Бернабеу, се додека неговиот клуб не е директен ривал на Кралевите.

Сега на ред е Флорентино Перез да го испочитува споменатиот претходен договор.

Споре шпанските медиуми  (EL Chiringuito TV), Перез ја презентирал понудата на Јувентус, па сега Перез треба да одлучи дали ќе ја прифати или ќе ја одбие.

Доколку сака да ја одбие, Перез има право на тоа, бидејќи нивниот џентелменски договор не е правно обврзан.

Доколку Перез ја прифати понудата од Јуве, Роналдо може да тргне кон Торино за да го финализира овој трансфер.