Роналдо со емотивно писмо се прости од навивачите на Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По трансферот во Јувентус, кој се уште не е објавен од страна на клубот од Торино, но тоа го потврди „Кралскиот клуб“, се обрати и самиот играч со емотивно писмо.

Писмото на Кристијано Роналдо беше објавено на веб страната на Реал Мадрид и истото ви го пренесуваме во целост.

„Овие години во Реал Мадрид и во градот Мадрид веројатно беа најсреќните во мојот живот.

Во моментов имам чувства на неверојатна благодарност до овој клуб и за овој град. Можам само да му се заблагодарам на сите за љубовта и вниманието кое ги добив.

Како и да е, верувам дека е време да отворам нова страна во мојот живот и токму затоа побарав од клубот да прифати да бидам продаден. Почувствував дека тоа е патот и барам од сите, посебно од нашите фанови да ме разберат.

Тие беа неверојатни за сите девет години. Тоа беа единствени девет години. Возбудлив период за мене, полн со предизвици и напорна работа затоа што Реал Мадрид има високи барања, но знам многу добро дека никогаш нема да заборавам дека уживав во фудбалот овде на уникатен начин.

Имав познати соиграчи, на теренот и во соблекувалните. Почувствував топлина од неверојатната публика и заедно освоивме три титули во Лигата на шампионите по ред, вкупно четири во пет години. А заедно со нив, на индивидуално ниво, ја имав среќата да освојам четири Златни топки и три Златни копачки.

Реал Мадрид го освои моето срце, и токму затоа сакам да кажам благодарам на клубот, на претседателот, на директорите, моите соиграчи, сите работници, доктори, физиотерапевти и неверојатните работници кои ја правеа секоја работа и неуморно до детаљ си ја извршуваа задачата.

Бескрајно благодарам уште еднаш до нашите фанови, но и шпанскиот фудбал. За време на овие девет години имав одлични играчи пред мене. Моја почит и мое признавање кон сите нив.

Достигнав многу и знам дека е време за нов круг, си заминувам, но овој дрес,  овој клуб и „Сантијаго Бернабеу“ ќе останат мои каде и да сум.

Ви благодарам на сите, и секако, како што кажав за прв пат на нашиот стадион пред девет години: ХАЛА МАДРИД!“