Франција прв финалист на Мундијалот во Русија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Франција е првиот финалист откако со 1:0 славеше во првото полуфинале против селекцијата на Белгија.

Натпреварот подобро започна за Белгија која ја имаше првата поголема шанса преку Алдервилд кој од околу 12 метри шутираше, но Лори одлично го одбрани неговиот удар.

Десетина минути подоцна Франција се обиде преку Гризман, но немаше опасност за Куртоа. Во 34. минута Мбапе одлично го проигра Жиру, но напаѓачот лошо реагираше и шутираше покрај голот на Белгија.

До крајот на полувремето и Павар излезе сам пред Куртоа, но неговиот удар го одбрани голманот на Белгија.

ВО вториот дел Франција заигра многу подобро и веќе во 51. минута стигна до водство кога Умтити го совлада Куртоа. Само десет минути подоцна Франција можеше да зголеми на 2:0. Мбпае со магичен потег со пета го проигра Жиру, но напаѓачот на Челси повторно лошо реагираше.

Во 64. минута Белгија беше близу до израмнување кога Мертенс центрираше, а Фелаини шутираше со глава, но топката замина неколку сантиметри по крајот на голот.

Сепак, до крајот на натпреварот „Црвените ѓаволи“ не успеаја да го најдат патот до мрежата на Лори, па така Франција заслужено е првиот патник во финалето на Мундијалот.