Реал Мадрид објави емотивно видео во чест на Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После девет неверојатни сезони, Кристијано Роналдо одлучи да го напушти Реал Мадрид и да потпише со Јувентус.

Кралскиот клуб денес прв се огласи за да потврди дека Роналдо донел одлука да го напушти Реал и кариерата да ја продолжи во Јуве. Тој помина 9 сезони во Реал, одигра 438 натпревари и постигна дури 451 гол.

Реал Мадрид во негова чест одлучи да направи видео со кое се опросстува со еден од најдобрите играчи во својата историја. Ова е најмалку што можеа Кралевите да направат.