„Да морам да го чувам Мбапе ќе го молам Господ да ми помогне“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Килиан Мбапе преку ноќ од анонимен дечко стана еден од најдобрите фудбалери во светот.

Со само 19 години тој брилијира и игра на навистина високо ниво,

Каков играч е Мбапе доволно говори изјавата на некогашниот најдобриот дефанзивец во светот Рио Фердинанд.

Тврди дека би го молел Бога да му помогне.

„Кога си штопер и кога морас да чуваш толку брз играч може само да те фати паника. Како да чувате некој кој на 19 години предизвикува таква паника на Светското првенство? Јас би погледнал само во небо и би го молел Бога да ми помогне“, изјави легендата на Манчестер Јунајтед.

Фердинанд го пофали и штоперот на Реал, Рафаел Варан и го спореди со Ферари.

„Кај него повредите го држеа на страна. Тој е како Ферари кога ќе тргне напред, а оваа е прва година која одигра без проблеми со повреди. „Го стави во џеб“ еден од најдобрите напаѓачи во светот „Ромелу Лукаку“. Не покажува многу емоции и доста работи, верувам дека е среќен поради тоа како игра“, додаде Фердинанд.