Што прво направи Марез после потпишувањето со Сити?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ријад Марез вчера потпиша договор со Манчестер Сити.

После повеќемесечните преговори Алжирецот го комплетираше траснферот вреден 60 милиони фунти, а веднаш после потпишувањето одлучи да ја прослави големата работа.

Веднаш ја изведе фамилијата на вечера во Манчестер. Тој со сопругата Рита, мајката Салиха и братот Вахид го прослави трансферот и нормално имаат за што да слават.

Марез во Сити го доби дресот со број 26, а ќе видиме како ќе се вклопи во филозофијата на Гвардиола.

Марез во претходните четири сезони во дресот на Лестер одигра 179 натпревари и постигна 48 голови.