Борусија Дортмунд донесе играч на Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Борусија Дортмунд објавија дека потпишале двегодишен договор на позајмица со играчот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими.

Младиот десен бек е донесен како поддршка за Лукас Пишчек и со сигурност ќе добие шанса во дресот на „милионерите“.

19 годишниот фудбалер на „Сигнал Идуна Парк“ ќе ги помине следните две години во Борусија Дортмунд, а клубот од Германија нема да има право да го откупи неговиот договор по завршувањето на позајмицата.

Хакими минатата сезона имаше 17 настапи во дресот на Реал Мадрид во сите натпреварувања постигнувајќи два гола и асистирајќи за еден погодок.