Шок во Британија: Федерер елиминиран од Вимблдон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вистинска сензација приреди Кевин Андерсон кој во четвртфиналето на Вимблдон го елиминираше првиот носител Роџер Федерер и тоа откако имаше 2:0 негатива по сетови.

Швајцарецот кој е бранител на титулата имаше 2:0 по сетови и меч топка на 5:4 во третиот сет, но после тоа Андерсон се прероди и играше многу подобро. Федерер не можеше да најде решение за неговите сервиси и во последните два сета имаше само две брејк топки.

Андерсон во полуфиналето ќе игра против подобриот од мечот меѓу Раонич и Изнер, додека пак Ѓоковиќ го чека победникот од дуелот меѓу Надал и Дел Потро.