Англискиот селектор кажа се во неколку реченици


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англија не успеа да оствари пласман во финалето на СП.

Гордиот Албион ќе игра за третото место против Белгија, откако не успеа да ја совлада репрезентацијата на Хрватска.

Селекторот Гарет Саутгејт ги тешеше своите фудбалери по завршување на натпреварот, а со неколку реченици истакна дека е неизмерно горд.

„Неизмерно сум горд поради начинот на кој го одигравме мечот и гледам дека исти чуства имаат фудбалерите“, рече Саутгејт и додаде:

„Го доведовме најнеискусниот тим од сите и можевме да напредуваме само со вакви мечеви. Тешко беше што и да речам за да ги утешам играчите, вакви порази порано немаат почуствувано во репрезентацијата, но ова покажува дека во националниот тим можат да искустат незаборавни искуства“, истакна англискиот селектор.

Англичаните ќе чекаат нова шанса после четири години во Катар, но ќе имаат шанса да го освојат третото место против Белгија.