И Мурињо го прокоментира големиот успех на Хрватска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После победата на Хрватска над Гордиот Албион се јави и менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мурињо кој за времетраење на Светското првенство работеше како стручен коментатор.

„Ова е големо достигнување за земја која домашното првенство не и е толку јако, и каде што голем дел од играчите играат во странство. За нив кои ја одведоа својата Хрватска во финалето е нешто величествено“, изјави Мурињо.

Се осврна и на Англичаните.

„Англија има причина да плаче, бидејќи беше многу близу до финале, но исто така има причина да бидат и оптимисти. Екипата многу напредуваше во текот на натпреварувањето. Се работи за млад тим и голем дел од нив ќе играат на наредните првенства со повеќе искуство од своите клубови и имаат причина да се вратат дома горди“.

Мурињо додаде дека на чело на Англија треба да остане Гарет Саутгејт.