Навивачите на Реал сосем јасни кого сакаат на местото на Роналдо


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


После девет години Португалецот се одлучи да си замине, а после официјалната објава, навивачите очекуваат адекватна замена.

Во анкетата која ја спроведе Марка, се најде потенцијална замена, а понудени се Килиан Мбапе, Еден Азар, Хари Кејн и Нејмар.

Убедливо победи Мбапе. Тој добил дури 54 посто од гласовите, додека другите играчи далеку од овој процент.

Еден Азар доби 15%, Нејмар 14% и Кејн 10% од гласовите.

Со ова е јасно дека навивачите гледаат идеален наследник на Роналдо во нивниот клуб.

Сепак ќе требаат огромни пари за Мбапе да заврши на Сантијаго Бернабеу и прашање е дали ПСЖ ќе го пушти.

Меѓутоа Реал е клуб кој секогаш правен спектакуларни трансфер, па можеме се да очекуваме.