Барселона со втора понуда за играчот на Челси


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од Барселона денес испратиле втора понуда за услугите на крилниот фудбалер на Челси, Вилијан.

Според „Скај Спортс“ Каталонците испратиле понуда во висина од 53 милиони фунти, но и таа се очекува да биде одбиена од тимот на Челси.

Барселона минатата недела испрати понуда вредна 50 милиони фунти, но истата веднаш беше одбиена.

Што ќе се случува со бразилскиот интернационалец, дали тој ќе остане на „Стемфорд Бриџ“, ќе  се пресели на „Камп Ноу“ или на крајот ќе заврши во Манчестер Јунајтед останува да видиме.