Скратена листата на две имиња: Реал го бира наследникот на Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роналдо се одлучи на заминување од Мадрид после девет сезони во кои освои се што можеше да се освои.

Нема многу фудбалери кои би можеле да го заменат најдобриот во светот, тоа е сосема јасно, но има некои кои имаат потенцијал. Пред некое време се појави информација дека главни кандидати за местото на Роналдо се Нејмар, Мбапе, Азар и Кејн, а сега се појавија информации дека листата е сведена на две имиња.

Како што пренесуваат шпанските медиуми прва желба на тренерот Лопетеги е Нејмар, но освен тоа реално може да се доведи Азар и тоа за наводна цена од 88 милиони евра.

Од друга страна минатото лето Мбапе веќе го одби Реал, па тој нема да биде ниту сериозна опција, додека пак Кејн неодамна потпиша повеќегодишен договор со Тотенхем и тешко да се очекува дека веднаш ќе ја промени средината.

Нејмар или Азар, прашањето е сега….