Лука Модриќ како Форест Гамп


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватска ќе игра во финалето на Светското првенство. Ова е најголем успех на хрватскиот фудбал, а еден од најзаслужните за ова е Лука Модриќ.

Модриќ е водач на оваа генерација, работи на ниво, а колку труд има вложено сведочат статистичките податоци кои се појавија.

Имено, Модриќ како и ликот од култниот филм Форест Гамп, едноставно не престана да трча. Започна да трча на натпреварот против Нигерија и не престана до последниот натпревар, а до финалето има претрчано неверојатни 64 километри.