Шакири денес на медицински прегледи: Прави трансфер за кој не ни сонувал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шакири, кој одлично одигра на ова Светско првенство и кој помеѓу останатото постигна и погодок за својата репрезентација со кој осигураа пласман во наредниот круг на Мундијалот го привлече вниманието од најголемите клубови.

Челниците на Ливерпул стапиле во контакт со клубот на играчот за врска, Стоук Сити, па двете страни се договориле за трансфер кој вреди 13.7 милиони фунти, пренесува Ливерпул Ехо.

Шакири во Ливерпул ќе биде замена за Набил Фекир кој очигледно нема да пристигне ова лето, а репрезентативецот на Швајцарија ќе пристигне на Енфилд денес со цел да ги обави лекарските прегледи, наведува споменатиот извор.

Тој треба да биде трето засилување откако Ливерпул ги ангажираше Кеита од Ред Бул Лајпциг за 60 милиони евра и Фабињо од Монако за 10 милиони помалце.

Инаку, Шакири имаше навистина добра сезона во Стоук Сити, на 36 натпревари во Премиер Лигата постигна осум голови и седум асистенции. За него интерес покажа и Лацио, но на крај Клоп ја доби битката.