Џејмс Родригез им соопшти неоекувана одлука на челниците на Баерн


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што пренесува секогаш добро информираната шпанска Марка, Џејмс ги изненадил челниците на германскиот гигант. Тој им порачал дека сака да се врати во Реал Мадрид иако има договор за позајмица на две години. Договорот беше постигнат лани.

Што го наведе Родригез на овој потег? Па, одговорот е јасен. После заминувањето на Зидан од клупата на Реал, Џејмс би сакал кај новиот тренер Лопетеги да се избори за место во стартните 11. Ова отсекогаш му било голема желба.

Како што пренесува истиот извор, претседателот на Реал, Флорентино Перез нема ништо против ова, но проблем претставува финансискиот договор со Баерн, бидејќи позајмицата требаше да биде двегодишна.

Минатото лето остана мистерија како Барен и Реал ги договорија финансиските детали на трансферот, а се претпоставува дека Кралскиот клуб му остави опција на Баерн после позајмицата да може да го откупи за цена од околу 50 милиони евра.

Токму тоа сега би можело да биде проблем, односно двата клуба треба да постигнат финансиски договор доколку Џејмс се врати повторно во Реал.

Нормално, Џејмс како и другите играчи како него добро би му дошле на Реал, после заминувањето на Кристијано Роналдо.