Билд открива што се случувало во таборот на Германците: Не личеле на професионалци!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацјата на Германија стигна во Русија со титулата првак во светот и константно навиваа дека сакаат да ја одбранат.

Меѓутоа ништо не им одеше по планот. Доживеаа два порази и скоро на среќа ја победија Шведска и мораа да се вратат дома веќе после групната фаза.

Билд денес открива некои неверојатни детали од Мундијалот и се што се споменува ниту малку не личи на професионален однос на фудбалери, посебно репрезентативци.

Како што тврди Билд, челниците на Фудбалскиот сојуз на Германија морале да им го исклучуваат wi-fi-то во раните утрински часови, бидејќи играчите не оделе на спиење туку играле ФИФА.

Исто така во репрезентацијата владеела негативна атмосфера. Односот помеѓу фудбалерите не бил најдобар.

После сево ова не е никакво чудо што Германците брзо се вратија дома, а на селекторот Јоаким Лев му преостанува да го склопи новиот тим.