Петмина репрезентативци го пропуштија тренингот на Хрватска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Петмина репрезентативци на Хрвстска го пропуштија претпоследниот тренинг пред големата пресметка против Франција во финалето на Светското првенство.

Тренингот на Коцкестите го пропутшија Шиме Врсаљко, Субашиќ, Стриниќ, Перишиќ и Ловрен, но за сега еен е во прашање, Иван Перишиќ.

Денес поедини руски медими објавија дека тој сигурно нема да игра во финалето, но наводно со додатни прегледи се установило дека нема потешки повреди идека би требало да игра во финалето.

Не е никакво чудо што голем број на хрвватски фудбалери се со повреди. Игра три продолженија на Мундијалот и им беше потребна надчовечка сила да го поминат сево ова за неколку денови.

Остана уште еден натпревар во кој и двата тима ќе влезат на се или ништо. Хрватите се дел од најголем успех во својата историја.

Финалето се игра во недела од 17.00 часот во Москва.