Белгија третопласирана селекција на Мундијалот во Русија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белгија славеше против Англија со 2:0 и со тоа го освои бронзениот медал на Светското првенство во Русија.

На Белгија за водство и беа потребни само четири минути. Убавата акција во гол ја претвори Меуние за водство на „Црвените ѓаволи“.

Потоа следеа шанси и на двете страни, но Белгија беше многу поконкретна и поопасна. Избраниците на Мартинез имаа шанси преку Де Брајн и Алдервилд, додека шанса за Англија имаше само Кејн.

Во вториот дел немаше многу прилики, освен во 69. минута кога Алдервилд спаси чист гол по ударот на Даер.

Конечниот резултат го постави Еден Азар во 82. минута по една голема грешка на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Фил Џонс.