Де Лаурентис: Мендеш ни го понуди Роналдо прво нас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според претседателот на  Наполи, Аурелио де Лаурентис, Жорге Мендеш прво им го понудил нив Кристијано Роналдо.

Сепак, на крајот од Наполи се решиле да се откажат од намерата да го донесат во своите редови, а Роналдо заврши во тимот на Јувентус за сума од 105 милиони фунти.

„Роналдо прво беше понуден на Наполи. Мендеш, неговиот агент ми се јави. Ние составивме понуда и ќе платевме пари за Роналдо со процентот од приходите гарантирани од неговото доаѓање.

Но, 350 милиони евра, колку што инвестира Јувентус, се над нашиот просек. Ќе ризикувавме банкрот доколку го донесевме“- изјави Де Лаурентис за „Ла Република“.