Роналдо пристигна во Торино (Фото+Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот светски фудбалер во моментов, Кристијано Роналдо пристигна во Торино пред утрешната презентација во дресот на Јувентус.

Португалецот утре ќе замине и на медицински прегледи во медицинскиот центар во Торино, па веднаш потоа ќе следи и официјалната презентација.

Роналдо во Торино пристигна со својата поубава половина, Георгина Родригез, неговата мајка и синот Кристијано Јуниор.