Челси се согласи да го продаде најдобриот: Реал Мадрид руши нов светски рекорд!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Флорентино Перез има генијален план, а очигледно истиот ќе му успее, така пишува „Тајмс“. Тие утрово напишаа дека Челси ќе го продаде Еден Азар, но за преголема сума.

Белгиецот би можел да го напушти Лондон за неверојатни 230 милиони евра. Перез го продаде Кристијано Роналдо, а се очекува да продаде уште еден играч за да добие доволно пари. Се споменуваат заминувања на Марсело и Матео Ковачиќ во моментов.

Откако ќе го ангажираат Азар, „кралевите“ ќе се обидат да го купат и Килијан Мбапе, кој имаше одличен настап на Мундијалот во Русија.

Освен тоа, во пакет со најдобриот играч на Челси би можел да пристигне и Тибо Куртоа, кој следното лето ќе стане слободен играч и кого Челси сака да го продаде за речиси 35 милиони евра.