Француската прослава на трофејот на Мундијалот се претвори во трагедија! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Цела Франција славеше откако нивните репрезентативци ја победија Хрватска со 4-2 во финалето на Светското првенство во Русија.

Франција до утринските часови го прославуваше големиот успех на своите играчи, но прославата не помина без инциденти.

Во прославата двајца навивачи починаа. Еден 50-годишен навивач починал сред прославата, а 30-годишен фан починал, откако се удрил со автомобил во дрво.

Во Париз вчеравечер имало и многу грабежи, а имало пресметки и меѓу навивачите и полицијата. Во еден дел од Лион хулигани кршеле автомобили и канти за отпадоци.

Во близина на Нанси потешко настрадале две девојчиња од шест години и едно момче од три години.