„Преселбата на Роналдо во Италија е добра за сите, освен за Милан!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Додека тренерот на Интер, Лучано Спалети кажа дека неговиот тим нема да биде во лоша ситуација поради доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, но поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони мисли дека ќе има ужасно влијание за „росонерите“.

Доаѓањето на Роналдо во Јувентус и Серија А сигурно ќе има големо влијание на италијанскиот фудбал, кој не успева да ја достигне славата, која ја имаше во 90. години и 2000. Година.

„Вистина е дека доаѓање на таков шампион како Роналдо во Серија А е добра вест за Јувентус и целиот италијански фудбал. Им честитам на директорите и навивачите на Јувентус, но тоа за Милан ќе има ужасно влијание“, вели Берлускони.

Милан е во големи проблеми, зашто кинескиот сопственик Јонгхонг Ли е во големи финансиски проблеми и го продава клубот, а „росонерите“ се исфрлени и од УЕФА натпреварувањата поради кршење на Финансискиот фер-плеј.