Надал ја зголеми предност на врвот, Ѓоковиќ се врати во топ 10 на АТП-листата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ по освоената титула на Вимблдон, повторно се врати помеѓу најдобрите 10 тенисери во светот.

Ѓоковиќ напредуваше за 11 позиции на новата АТП-листа и сега е десетти со 3.335 бодови, па тој има голема шанса дополнително да напредува, зашто до крајот на сезоната не брани ниту еден бод.

Ова би значело дека ќе има шанса да ги премине Доминик Тим, Џон Иснер, Марин Чилиќ, но и да го нападне врвот на кој во моментов Рафаел Надал ја зголеми предноста пред Роџер Федерер.

Финалистот на Вимблдон, Кевин Андерсон, стигна од осмо до петто место, додека Чилиќ од петто падна на седмо место.