Изразот на лицето на Роналдо на лекарските прегледи доволно зборува дека е подготвен за нов предизвик (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо во моментов е на лекарски прегледи во медицинскиот центар на Јувентус.

Португалецот вчера пристигна со авион во Торино, а уште утринава замина на лекарски прегледи, по што ќе потпише договор со „старата дама“.

Стотици навивачи денеска дојдоа во медицинскиот центар да го следат развојот на ситуацијата и појавувањето на Роналдо предизвика многу насмевки на лицата на навивачите на Јувентус.

Насмевка имаше и на лицето на Роналдо, кој очигледно немаше повеќе предизвици во Реал, каде што играше девет години.