Нема повеќе дилеми: Играч на Јуве заминува во ПСЖ, а доаѓа негова замена од Реал Мадрид!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прво засилување на ПСЖ летово беше Џанлуиџи Буфон, а по негови стапки може да тргне неговиот поранешен соиграч Алекс Сандро.

Француските медиуми пишуваат дека ПСЖ ги договорил личните услови со Бразилецот, кој треба да потпише петгодишен договор, според кој ќе добива по 4,5 милиони евра годишно.

Новиот тренер на францускиот гигант, Томас Тухел има амбиција да ја промени формацијата на тимот, па поради тоа сака да го ангажира Алекс Сандро.

ПСЖ сега мора да се договори и со Јувентус. Иако „старата дама“ е задоволна со настапите на Сандро, нема да одбие понуда од 50 милиони евра. Сепак, ПСЖ во моментов нуди 40 милиони евра и во наредните денови се очекува договор.

Ако го продадат Сандро, Јувентус останува без лев бек, па најверојатно на таа позиција ќе пристигне Марсело од Реал Мадрид.