Мекинро: Федерер игра неверојатно, но наскоро ќе дојде неговиот крај!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џон Мекинро процени дека Роџер Федерер игра неверојатно, но се сомнева дека Швајцарецот може уште долго да остане во врвот.

Федерер ја бранеше титулата на Вимблдон, но на крајот Кевин Андресон го победи во полуфиналето.

„Неверојатно игра Федерер. Не смееме да заборавиме дека во август ќе наполни 37 години. Одлично се движи. Сепак, мислам дека крајот е блиску. Тоа е нормално. Тенисот ќе постои и кога Федерер ќе замине. Секако, ќе биде тешко без него и неговиот успех нема никогаш да биде повторен“, вели Мекинро.

Швајцарецот во кариерата има освоено 20 грен-слем титули, а во моментов е втор на АТП-листата.