Аргентина конечно ја реши судбината на Сампаоли


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентина беше едно од најголемите изненадувања на овој Мундијал, негативно се разбира.
После разочарувањето од Мундијалот време е за збогување на Аргентина со селекторот Хорхе Сампаоли, иако не беше во план.

Аргентина едвај се квалификуваше за Мундијалот, кога тоа го пребродија сите очекуваа дека конечно ќе станат посериозни и ќе играат добро на Мундијалот, посебно затоа што ова можеби е последна шанса за Меси да го освои ова Светско првенство.

Аргентина некако ја помина групата иако играа навистина лошо, но во нокаут фазата беа исфрлени од Франција со резултат 4:3.

Сампаоли беше критикуван што не го поведе Икарди, како и што не ги искористи Дибала во тандем со Меси. Се зборуваше дека Маскерано и Меси го составувале тимот, а Сампаоли ништо не го ни прашувале.

Пред почетокот на Мундијалот беше кажано дека дури и да излезат од групната фаза, Хорхе Сампаоли нема да биде сменет, но сега е поинаку.

Многу лоши работи и се случија на Аргентина, огромна негативна енергија, многу лоши коментари и се влијаеше да се промени одлуката и на Сампаоли да му се раскине договорот.

Тој ќе добие 2 милиони евра, а неговиот иден наследник би можел да биде Диего Симеоне, Маурисио Покетино , Марсело Гаљардо или Рикардо Гарека.

Сампаоли ја презеде Аргентина во мај 2017 година,а сега е време Аргентина да го реконструира целиот тим и да почне од нула.