Мурињо со свој коментар по трансферот на Роналдо во Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По пристигнувањето во Лос Анџелес, каде со неговиот Манчестер Јунајтед ќе остане во следните две и пол недели, Жозе Мурињо даде свое видување за трансферот на Роналдо во Јувентус.

Мурињо смета дека Ла Лига повеќе ги нема двајцата најдобри фудбалер во светот и дека токму затоа сега Италија ќе биде една од најважните лиги во светот.

„Ла Лига повеќе ги нема двајцата најдобри фудбалери во светот. Сега едниот е во Шпанија, а другиот во Италија. Англија ја има Премиер Лигата, најсилната лига во светот, во која играат топ фудбалери и е една од најважните лиги во светот.

Сега сите ќе ја гледаат италијанската поради Роналдо, Премиер лигата затоа што е најдобра лига, додека Ла Лига поради Меси. Серија А стана една од најважните лиги во светот.“ –коментираше Мурињо.