Се бореа за пласман во Серија А, но на крајот банкротираа и завршија во – Серија Д!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бари минатата сезона ја „нападна“ промоцијата во Серија А, но застана во плејоф-серијата, каде што подобра беше Цитадела.

По неуспехот сега стигнуваат уште лоши вести за навивачите на клубот. Бари ќе мора да почне од почеток, поточно од Серија Д, па така тие по 110 години ќе мора да се преселат во аматерскиот ранг на италијанскиот фудбал.

Клубот не ги исполни финансиските услови да се регистрира за наредната сезона во Серија Б, а откако не најдоа решение за своите проблеми, испаднаа во четвртата лига.

Клубот се обиде да го спаси сопственикот на Лидс, Андреа Радрици и локалниот бизнисмен Фердинандо Наполи, кој испратија понуда за купување на Бари, но не се договорија на време.

Поради тоа Бари мораше да прогласи банкрот и да почне од почеток во Серија Д. Според италијанските правила, сега градоначалникот на Бари има право да избере нови инвеститори.