Слика вредна милиони: Роналдо со семејството стигна во својот нов дом! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо вчера беше официјално претставен во Јувентус, во кој стигна по девет одлични години поминати во Реал Мадрид.

Португалецот предизвика голема еуфорија помеѓу навивачите на „Старата дама“, но предизвика и големо изненадување, зашто ретко кој очекуваше Роналдо да се одлучи на ваков чекор.

Кратко по неговото претставување во Јувентус, Роналдо со своите најблиски направи една одлична семејна фотографија на „Алијанц“ стадионот во Торино, каде што треба да ги помине наредните четири години.

Со Роналдо на фотографијата се наоѓа неговата мајка, девојката и најстариот син.