Ветено – исполнето: Мбапе донираше половина милион евра во хуманитарни цели!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Килијан Мбапе беше најдобар играч на Франција на Мундијалот, па ја освои титулата за најдобар млад играч.

Французинот го воодушеви светот, а многумина го прогласија за наследник на Пеле поради начинот на кој го освои својот прв Мундијал.

Да потсетиме, по групната фаза реши целата заработка да ја донира во хуманитарни цели. Парите одат во организација, која се занимава со промоција на спортот помеѓу болните и хендикепирани деца, а станува збор за сума од речиси половина милион евра.

Ветувањето го даде по групната фаза и не го заборави, само еден ден по освојување на Мундијалот, неговото семејство ја контактирала хуманитарната организација и потврди дека парите ќе им бидат уплатени.