Анри вчера го напушти „Скај спортс“, а денеска доби три понуди за тренерска работа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот француски фудбалер Тјери Анри реши повеќе да не работи во „Скај Спортс“ како стручен коментатор, зашто сака да се посвети на својата тренерска кариера.

Анри беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Белгија на Мундијалот, а тие на крајот стигнаа до бронзениот медал.

Сепак, иако беше многу добар како стручен коментатор, на крајот реши дека е време да почне тренерска работа.

Иако вчера го напушти „Скај спортс“, англиските медиуми пишуваат дека денеска добил три понуди за тренерска работа, но не се откриваат имињата на клубовите кои сакаат да го ангажираат.