Мендеш: Роналдо ќе му помогне на Јувентус за освојување на трофејот во ЛШ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Кристијано Роналдо, Хорхе Мендеш, е убеден дека фудбалерот може да му помогне на Јувентус во битката за трофејот за кој во Торино веќе со години сонуваат.

Мендеш има голема доверба во Роналдо, кој дури го нарече и најдобар играч во историјата.

„Во Манчестер јунајтед беше најдобар играч во историјата, така беше и во Реал Мадрид, а така ќе биде и во Јувентус. Мислам дека Роналдо ќе му помогне на Јуве во битката за трофејот во Лигата на шампиони“, вели Мендеш.

Инаку, Роналдо со Јувентус потпиша четиригодишен договор, а вчера беше официјално претставен.