Меџик: Имавме план, но потоа пристигна Леброн!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Претседателот на кошаркарските операции на Лос Анџелес лејкерс, Меџик Џонсон, призна дека ќе се консултира со Леброн Џејмс за некои активности во клубот.

„Кралот“ неодамна официјално стана играч на Лејкерс. Поранешниот играч на Кливленд кавалирс потпиша четиригодишен договор вреден 154 милиони долари.

„Ако видиме дека постои некој играч, кој би го направил нашиот тим подобар, тогаш ќе потпишеме договор со него. Следното лето ќе имаме доволно средства да донесеме уште еден играч. Ние имавме план, но потоа дојде Леброн и моравме да менуваме некои делови“, вели Меџик.

Џонсон кажа дека Лејкерс ќе се консултира со Леброн за некои активности во клубот.

„Не станува збор за влијание, туку за тоа да седнете со најдобриот кошаркар во светот. Кога играв јас, и мене ме прашуваа во врска со некои потези“, објаснува Џонсон.