Официјално: Манчестер јунајтед продаде фудбалер во Ајакс! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дејли Блинд по четири години реши да го напушти Манчестер јунајтед и да се врати во Ајакс.

Блинд на „Олд Трафорд“ стигна во 2014. година, но во последно време не играше кај „црвените ѓаволи“, па реши да замине.

Ајакс денеска официјално потврди дека Блинд е нивни нов игра и потпишал договор на четири сезони.

Блинд во дресот на Јунајтед одигра 141 натпревар за четири сезони и постигна шест гола. Во минатата сезона имаше поскромна минутажа, па одигра само 17 натпревари во сите натпреварувања.