Сари: Ви ветувам 100% напорна работа и 90% добра забава!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот тренер на Челси, Маурицио Сари, кажа дека се подготвува и дека првпат во животот не му е резултатот во прв план.

Искусниот тренер во саботата потпиша тригодишен договор и го наследи Антонио Конте на тренерското место во Челси.

„Во овој период мораме да играме, да работиме напорно. Првпат мислам дека резултатот не е толку важен. Мораме да бидеме најдобри. Сакам да го играме мојот фудбал, а најверојатно ќе освоиме нешто. Што може да ветам? Дека ќе работиме напорно 100%, а дека 90% добро ќе се забавуваме“, вели Сари.

Сари претходно ги тренираше Наполи, Пескара, Арека, Авелино, Верона, Перуџа, Алесандрија, Соренто и Емполи.