Бекер: Ѓоковиќ ќе го освои Ју-Ес Опен… Агаси: Од Новак очекуваме уште многу титули!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Повторно се приклучи на трката со Рафаел Надал и Роџер Федерер, откако го освои трофејот во Вимблдон.

Борис Бекер имаше само пофални зборови за него и очекува трофеј на Ју-Ес Опен.

„Ѓоковиќ две години беше далеку од грен-слем трофеј, но со 13. титула се вклучи во трката со Надал и Федерер. Тој знае дека тие двајца имаат многу повеќе, но знае и дека мое да игра уште две-три години на врвно ниво. Очекувам титула од него на Ју-Ес Опен“, вели Бекер.

Андре Агаси смета дека противниците треба да се плашат од Србинот.

„Воопшто не се сомневам дека пред Ѓоковиќ има уште многу години во врвот на светскиот тенис. Мислам дека и понатаму постојат делови од неговата игра кои може да се поправат, а тоа најверојатно е страшно за неговите ривали. Од аутсајдер повторно стана играч, од кој се очекуваат нови трофеи“, објаснува Агаси.