Вардар потпиша договор со руски репрезентативец!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Димитри Киселев, кој игра како десен бек, потпиша двегодишна соработка со Вардар.

„Црвено-црните“ соопштија дека ангажирале уште едно засилување за наредната сезона. 23-годишниот Киселев доаѓа од Санкт Петербург.

Инаку, Киселев е третиот ракометар кој стигна како ново засилување на Вардарци, откако претходно тоа го направија Сташ Скубе и Сергеј Горбок.

Русинот има одлични физички карактеристики, односно е висок 193 сантиметри, а тежок 98 килограми.