Шкендија шокирана од ТНС, за влакно се спаси од елиминација (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Шкендија одигра очајно и под просекот на гостувањето во Велс кај екипата на Њу Сеинтс и забележа висок пораз од 4:0.

Сепак, благодарение на победата од 5:0 од првиот натпревар клубот од Тетово се пласираше во следната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите.

ТНС во само 20 минути стигна до убедлива предност од 3:0 и со тоа си даде надеж дека може да стори нешто во продолжението на средбата.

Во 15. минута Ебе погоди за 1:0, во 30. минута Редмонд зголеми на 2:0, додека по само пет минути следуваше нов шок за Шкендија кога Кабанго погоди за 3:0.

Сепак, Велшаните до крајот успеаја да стигнат само до уште еден гол и тоа во 95.минута преку  Бирн.