Меџик: Леброн ќе ги научи младите играчи како да победуваат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меџик Џонсон во текот на финалниот натпревар од летната НБА-лига кажа дека прави тим, кој може да се квалификува во плејоф-серијата наредната сезона.

Претседателот за кошаркарски прашања во Лос Анџелес лејкерс, Меџик Џонсон кажа дека разговарал со Леброн Џејмс.

„Леброн е паметен играч. Зборувавме за стратегијата, што му се допаѓа на теренот и добро се сложувавме. Леброн дојде да изградиме нешто посебно. Тој и Рондо освојуваа шампионати, Стивенсон исто така беше во финале на конференција, тие мора да ги подготват нашите млади играчи. Џејмс ќе биде лидер во соблекувалната“, вели Џонсон.

Тој смета дека се еден од најдобрите тимови на Западот.

„Мислам дека сме еден од најдобрите тимови на Западот. Сакам да видам како растеме наредната сезона. Во ред е да почнеме бавно за да се навикнат играчите едни на други. Мислам дека ќе бидеме добри и ќе се пласираме во плејоф-серијата“, објаснува Меџик.