Јувентус се ослободува од Ругани и Игуаин: Еден заминува во Челси, другиот во Милан!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус во наредната сезона најверојатно ќе влезе без Даниеле Ругани и Гонзало Игуаин, за кои се заинтересирани Челси и Милан.

Ругани е мета на Челси и тренерот Маурицио Сари, а италијанските медиуми пишуваат дека ќе се пресели во Лондон за 50 милиони евра.

„Росонерите“ сега имаат нов сопственик, кој е подготвен да ги врати на врвот, па планира да инвестира пари во квалитетни засилувања.

Милан сака да го плати Игуаин дури 60 милиони евра и очигледно имаат толку пари, а дел од нив ќе добијат благодарение на трансферот на Андре Силва, кој планираат да го продадат на Вулверхемптон за 45 милиони.

Игуаин го сака и Челси, но Аргентинецот има желба да остане во Серија А, па останува да видиме што ќе се случува во следниот период.