Ништо од Жоржињо, Сити го става Јуве во големо искушение


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентативецот на БиХ Миралем Пјаниќ се наоѓа на мета на Манчестер Сити, а интересот за него се обнови откако пропадна доаѓањето на Жиржињо.

Бразилскиот играч за врска беше прва опција на Граѓаните, но заврши во Челси, па Сити се заврти кој Пјаниќ за кој беа спремни да понудат 50 милиони евра.

Според италијанските медиуми понудата била одбиена од страна на Јуве, но се верува дека Сити сега ќе понуди 80 милиони и ќе го стави Јуве во големо искушение.

Италијанскиот првак е решен да го задржи Пјаниќ, наводно е спремен нов договор во 2022, но сеуште не е потпишан и се додека не се потпише се остава простор за разни шпекулации.