Изненадување за навивачите: Перез подготви „пакет“ од 150 милиони евра!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нови членови на Кралевите од Мадрид може да станат Белгијците Тибо Куртоа и Еден Азар, актуелните фудбалери на Челси.

Реал е спремен да им плати 150 милиони фунти за ова дуо, а наводно Лондоскиот тим нема ништо против ова.

Куртоа влегува во последната година од договорот. Преговорите за продолжување на соработката одамна се запрени и Челси сака барем нешто да заработи на него. Цифрата од 30 милиони фунти веројатно е доволна.

Од друга страна Азар ќе чини многу повеќе, неговата цена е 120 милиони фунти.

Преговорите на двата тима за овој спректакуларен трансфер се веќе во тек и може да се случи веќе во наредните денови да се официјализира се.

Претседателот на Реал едноставно мора да ги најде правите фудбалери кои ќе го надоместат заминувањето на Роналдо.

Куртоа се гледа како долгорочно решение во Реал, иако Кејлор Навас добро бранеше досега.