Ако Атлетико попушти, Врсаљко го чека голем трансфер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според пишувањата на Италијанските медиуми, играчот на Хрватската репрезентација, Шиме Врсаљко е на мета на Интер, кој итно мора да пронајде десен бек кој ќе го замени Кансело во дресот на Нероаѕурите.

Хрватскиот фудбалер е прва желба на Интер за таа позиција, но изгледа дека ќе мора да ја подобрат понудата ако сакаат да го доведат.

Наводно Интер ќе проба да го доведе Врсаљко за едногодишна позајмица со можност да го откупи на крајот од сезоната, со што вкупно би му платил на Атлетико помеѓу 22 и 24 милиони евра.

Меѓутоа, после Светското, Атлетико веднаш му ја зголеми цениата и не планира да го продаде за помалку од 30 милиони евра.

Врсаљко веќе има играно во Серија А и тоа за Џенова и Сасуоло од каде замина во Атлетико пред две години.