Го заборавивте Фабио од Јунајтед? Денес потпиша за нов клуб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сите навивачи на Манчестер Јунајтед, но и оние кои ја следат Премиер лигата, сигурно знаат дека пред седум- осум години на Олд Трафорд играа двајца браќа близнаци- Рафаел и Фабио.

Иако ниту едниот ниту другиот не направија карирери какви многумина од нив очекуваа, тие и понатаму играат на високо ниво, посебно Рафаел кој е во првиот состав на Лион.

Меѓутоа неговиот по малку заборавен брат Фабио, изминатите години играше за послаби клубови во Премиер лигата, а денес тргна по чекорите на својот брат и замина во Франција.

Овој 28 годишен лев бек потпиша 3 годишен договор со Нант каде и официјално е претставен. Бразилецот во новиот клуб ќе го носи дресот со број 2 , а финансиските детали за соработката сеуште не се познати.

Инаку, Фабио одигра и два натпревари за А репрезентацијата на Бразил.